Утре караванот „Купи куќа за млади“ во Штип, Делчево и Кочани
08.03.2016 10:28
Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини.

Утре во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“, во 17 часот ќе се одржат презентации Штип, во просториите на Општината, во Делчево- Дом на култура и во Кочани во Општинат, соопштуваат од Министерството за финансии.
Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини. Следните презентации се во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.
