Меѓународен ден на жената – 8 Март

08.03.2016 10:48

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, организацијата на ОН објави извештај во кој истакнува дека „жените во просек заработуваат 23 насто помалку од мажите“. Во светски рамки, стапката на невработеност на мажите е 72 насто, додека кај жените само 46 проценти.

Меѓународен ден на жената- признание на економските, политичките и општествените достигнувања на понежниот пол за рамноправност со мажите. Со низа манифестации се прославува и во Македонија.

Расте женското претприемништво. Една третина од претрприемачите се жени, 12 насто се наоѓаат на менаџерски позиции, и степенот на образование споредбено со европските земји е повисок.

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, организацијата на ОН објави извештај во кој истакнува дека „жените во просек заработуваат 23 насто помалку од мажите“. Во светски рамки, стапката на невработеност на мажите е 72 насто, додека кај жените само 46 проценти.

Јазот меѓу мажите и жените се повеќе се намалува. Идејата за прославување  на меѓународниот ден се појавува по турбулентната индустријализација и економската експанзија во почетокот на 20 век, што предизвика протести за подобрување на условите за работа.

Календарски датумот се поврзува со првата масовна манифестација на жени работнички одржана на 8-ми март 1857 година во Њујорк.