Нетанјаху ја откажа посетата на САД
08.03.2016 10:53
Како причина е наведено дека не било можно да се догвори состанок со американскиот претседател Барак Обама за време на конференцијата.

Израелскиот премер Бенјамин Нетанјаху ја откажа посетата на САД каде што требаше да присуствува на конфренцијата на произраелското лоби на 20-ти март.
Како причина е наведено дека не било можно да се догвори состанок со американскиот претседател Барак Обама за време на конференцијата.
Извори од кабинетот наведуваат дека за откажување на посетата влијаел и фактот дека нема засега договор за новиот пакет воена помош од САД за Израел.
