Ивица Коневски- најуспешен градоначалник

24.01.2014 10:46

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, синоќа официјално беше прогласен за најуспешен градоначалник за 2013 година, според анкетата што ја спроведе интернет порталот „Скопје инфо“.
 
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, синоќа официјално беше прогласен за најуспешен градоначалник за 2013 година, според анкетата што ја спроведе интернет порталот „Скопје инфо“.
 
„За мене ова претставува огромна чест и поттик, но и голема одговорност да продолжиме со исто темпо во интерес на жителите на Општина Аеродром“, изјави Коневски додавајќи дека во наредниот период општината ќе се фокусира на завршување на проектите почнати во 2013 година, а тоа се изградба на инфраструктура на местата каде што се градат нови згради, завршување на изградбата на новиот спортски центар „Јане Сандански“, повеќе паркови и зеленило, поставување автоматски систем за наводнување и многу други проекти.
 
Во анкетата која се спроведе во периодот од 19-ти декември 2013 година до 15-ти јануари 2014 година, учествуваа со свои гласови околу 25 илјади граѓани. 
 
Според анкетата, на второ место е градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, додека третото место го освои градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец.
 
Коневски, исто така и за 2012 година беше прогласен за најуспешен градоначалник.