Поплави во Србија, вонредна состојба во повеќе општини

08.03.2016 11:41

Во населбата Грац во Краљево се евакуирани 400 лица. Хидрометеоролошкиот завод издаде предупредување во јужните и источните делови на земјата бидејќи и денеска се очекуваат поројни дождови со 20 до 40 литри на метар квадратен.

Прогласена вонредна состојба во повеќе општини во Србија поради поплавите што ја зафатија земјата по обилните дождови.

Во населбата Грац во Краљево се евакуирани 400 лица. Хидрометеоролошкиот завод издаде предупредување во јужните и источните делови на земјата бидејќи и денеска се очекуваат поројни дождови со 20 до 40 литри на метар квадратен.

Српските власти донесоа одлука за ангажирање на припадниците во војската во пружање помош на локаната самоуправа и за поддршка на Министерството за внатрешни работи.