Поплави и во Босна и Херцеговина
08.03.2016 13:57
Во селото Бајинац се поплавени четири куќи, а регистрирани се и подземни води.

Освен со Србија, поплави и во Босна и Херцеговина. Реката Дрина се излеа во градот Бјелина, но засега не претставува опасност за жителите. Зголемен е и водостојот на реката Сава кај местото Орбица, каде што се поплавени дестетина објеки и станбени куќи.
Во селото Бајинац се поплавени четири куќи, а регистрирани се и подземни води. Водостојот на преостанатите реки кои ги пратат хидролошките служби во БиХ, се движи во границите на нормалата.
