Киро Ќучук оди на продажба. Има ли заинтересиран купувач?
Одлуката ја донесе одборот на доверители...

Kиро Ќучук АД се става на продажба. Одлуката ја донесе одборот на доверители, а стечајниот управник Ацо Петров има обврска јавно преку пишаните медиуми на продажба да ја стави туланата.
Скоро една година фабриката е во стечај, процесот кој сега се случува според познавачите на состојбите ќе се случеше пред пет месеци ако прилепски Микротеч не најави дека има план да ја рестартира компанијата, а доверителите му го дадоа потребното време да санаторот Микротеч да ја подготви санационата програма која пред едне месец истите тие ја оценија како неостварлива па затоа и негативно се произнесоа по неа.
Киро Ќучук на хартија вреди 226 милиони денари (3,6 милиони евра), побарувањата се поголеми и изнесуваат нешто повеќе од 360 милиони денари (5,8 милиони евра).Најголем доверител е државата, или Фондовите за пензиско и здравство.
Работниците посакуваа поинаква разврска. Сега останува само да чекаат некој да ја купи фабриката, а ти да добијат дел од своите побарувања, исто како и помалите и поголемите доверители, иако бројките неодат во прилог на доверителите.
Првата половина од месец март ќе се знае дали има заинтересиран купувач или продажбата ќе се одолговлекува исто како што се одолговлекуваше и одењето на Киро Ќучук во стечај.
Дијана Иванова
