Србија: Вонредна состојба во 15 општини поради поплавите

08.03.2016 14:26

Вонредна состојба проширена во 15 општини. Владата на Србија прогласи состојба на елементарна непогода во полплавените општини. И натаму е критична, но водата полека се повлекува...

По излевање на реките од обилните дождови каде наврнаа и до 80 литри вода на метар квадратен, денес вонредната состојба е проширена на 15 општини или во цела западна Србија и Шумадија.

Поплавени се 710 домаќинства и повеќе стопански објекти. Само во регионот на Чачак, Краљево, Горни Милановац и Нови Пазар евакурани се над 1000 лица. Во прекин се повеќе локални сообраќајници, а водата има однесено и неколку мостови.Без струја се повеќе илјади домаќинства, неработат училиштата во неколку општини, поплавени се обработени површини.

Синоќа дождот престана да врне и според надлежните од Сектрот за вонредна состојба, состојбите на теренот полека се стабилизираат. Освен на реката Западна и Јужна Морава водостојот на другите реки полека се намалува. Во загрозените општини и натаму се наоѓаат спасувачките тимови, на кои им се приклучи и војската.

„Овие поплави немаат ни приближно размери од оние кои ги имавме во 2014 год. Но, ова се тешки работи за погодените и владата ќе проглси состојба на елементарна непогода во поплавените општини. Ние ќе им помогне на загрозените и целата штета ќе ја надокнадиме“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

Иако моментално состојбата се чини стабилна, властите ги загрижува прогнозата на метеоролозите кои предвидуваат нови интензивни врнежи во четврток и најавуваат нагло топење на снегот на планините.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ