8-ми Март: Потсетување на женските права и повод за мало внимание

08.03.2016 14:41

Додека за некои 8-ми Март е симбол на борбата за женските права, за други е добар повод за веселба и ден кога на припадничките на понежниот пол треба да им се посвети повеќе внимание...

Додека за некои празникот е провокација за потсетување на женските права и амбиции за напредок, за други добар повод за мало внимание. Мажите остануваат верни на традицијата- цвет и убав збор за да го направат овој ден посебен.

„Секоја година подаруваме цвеќе, и нормално цела фамилија се собираме, денеска господар е жената, бидејќи таа е најзаслужна.“

„Само еден ден повеќе во кој треба да се сетиме на сите оние жени кои ги сакам и кои ми значат нешто во живото.“

„Овој празник потекнува од борбата на Клара Цеткин, да не го правиме ден на цвеќето, на мајките, туку воопшто за правата на жените“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Метрополата наликуваше на град на цвеќето. На цветниот пазар на овој празник веројатно ги има сите бои и мириси.

Статистиката покажува дека жените живеат подолго од мажите. Стапуваат во брак подоцна и во просек раѓаат по две деца.

Не се потребни скапи подароци за да ги направите среќни вашите сакани. Ним им е потребна вашата љубов и внимание, а двете најважни работи можете да си ги дозволите ској ден.

Идејата за прославување на меѓународниот ден почнува по турбулентната индустријализација и економска експанзија во почетокот на 20-от век, што предизвикува протести за подобрување на условите за работа. Календарски, датумот се поврзува со првата масовна манифестација на жени- работнички одржана на 8-ми март 1857 година во Њујорк.

 

Александра Перевска