Девизните резерви достигнаа 2,2 милијарди евра на крајот од февруари

08.03.2016 14:46

Државното монетарно злато на крајот на февруари имало вредност од 245,4 милиони евра. Зголемување од 11,1 милиони евра кај оваа ставка има и во однос на февруари 2015-та година.

Вкупните девизни резерви на крајот на февруари достигнаа ниво од 2,2 милијарди евра, покажуваат податоците на Народната банка. За еден месец, девизните резерви се зголемени за 6,5 милиони евра.

Во споредба со истиот месец лани се забележува намалување од 77,3 милиони евра. Државното монетарно злато на крајот на февруари имало вредност од 245,4 милиони евра. Зголемување од 11,1 милиони евра кај оваа ставка има и во однос на февруари 2015-та година.

Вкупните валути и депозити во февруари годинава изнесуваат 290,4 милиони евра и бележат зголемување за 34,4 милиони евра во однос на истиот месец лани.

Најголемиот дел од вкупните девизни резерви ги сочинуваат хартиите од вредност.