Акција „Титаник“: Претрес во скопско Батинци
08.03.2016 14:52
Од Специјалното јавно обвинителство за МТВ потврдија дека е извршен претрес за прибирање материјални докази, апсење немало.

По барање на Специјалното јавно обвинителство било дадено налог за претрес во скопско Батинци кај лице осомничено во акцијата „Титаник“.
Од Специјалното јавно обвинителство за МТВ потврдија дека е извршен претрес за прибирање материјални докази, апсење немало.
Осомничените за случајот „Титаник“ се товарат за изборни нерегуларности.
