Москва: Евакуација по лажна дојава за бомба
08.03.2016 15:07
Во полициското соопштение се наведува дека тим пристигнал на местото на настанот по што била спроведена евакуација.

На пазар во центарот на Москва, од кој денеска беа евакуирани повеќе од 2.000 луѓе поради анонимна дојава за бомба, не била пронајдена експлозивна направа, соопштија полицијата.
Претходно денеска анонимно лице се јавило во полиција и рекло дека на пазарот имало поставено бомба. Во полициското соопштение се наведува дека тим пристигнал на местото на настанот по што била спроведена евакуација.
Полициски кучиња го пребарале пазарот, но не било пронајдено ништо. Доколку се идентификува личноста што ја пријавила лажната бомба в полиција и се заканува затворска казна во траење од 3 години.
