Случај „Диво насеље“: Сослушани нови сведоци на обвинителството
08.03.2016 15:10
Судењето продолжува со нови докази на обвинителството...

Нови сведоци на обвинителството беа сослушани на рочиштето за случајот „Диво насеље“. Двајца од нив, рекоа дека сосед им бил Фадиљ Фејзулаху чија куќа, како што стои во обвинителниот акт, била упориште на терористичката група.
Сведочеше и полицаецот кој му бил надреден на обвинетиот Арсим Бајрами. Пред судот изјави дека критичниот ден Бајрами иако отворил боледување, бил повикан на службен состанок, на кој специјалци го уапсиле. Судењето продолжува со нови докази на обвинителството.
За кумановскиот терористички акт се обвинети се 29-мина. Во престрелката загинаа осум припадници на македонската полиција.
