Перо Антиќ на принудна пауза
По серијата одлични игри, во кои имаше голем придонес во победите на Атланта, Перо Антиќ ја заработи првата посериозна повреда. Според првичните наоди, станува збор за напукнување во пределот на десниот скочен зглоб, констатирана по натпреварот со Орлансо, по кои македонскиот кошаркарски ас ќе мора да паузира, во период од 2 – 4 седмици. Тоа значи дека Антиќ ќе го пропушти следниот дуел на ’’јастребите’’ против четирикратниот шампион Сан Антонио, во кој ќе имаше можност да игра против еден од најдобрите крилни центри во историјата на НБА, Тим Данкан.

Оваа повреда е првпат лоцирана уште во текот на натпреварот против Бруклин, кој се играше во Лондон на 16 – ти јануари, кога Антиќ се пожали на болки во скочниот зглоб.
Во меѓувреме, тој имаше неколку одлични партии, со кои го сврте вниманието на јавноста, пред се со победите против екипата со најдобар ефект Индијана, потоа против шампионот Мајами, и конечно, со завчерашната победа над Орландо, во кој Перо го оствари првиот ’’дабл – дабл’’ во НБА кариерата.
По неговите забележителни настапи, кои придонесоа Атланта да котира на третата позиција во Источната конференција, се погласни беа и најавите за негово учество на ’’Ол Старс’’ натпреварот, од 14 – 16 февруари во Њу Орлеанс,што сега зависи и од периодот на опоравувањето. Неговото отсуство во претстојниот период е голем хендикеп за екипата на Атланта, затоа што претходно во сезоната, првата опција на позицијата крилен центар, Ал Хорфорд, заработи потешка повреда.