Заев на осмо- мартовски марш во Струмица
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на осмо- мартовски марш во Струмица. Рече дека ова е година на промени, а промените ги носеле жените...

„Ова е година на промените, а промените ги носите вие жените“ - порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев од осмо- мартовскиот марш во Струмица. Вели дека сега се води битка за Македонија која треба да доведе до земја со подобра иднина.
„Сакам да испратам порака, со поривот во вашите срца да се борите, не за СДСМ, туку за македонија. Ова е битка за Македонија која заедно во борба предводена од вас жените ќе ја направи нашата земја поубаво катче и нас сегашните генерации, но и генерациите кои доаѓаат. Во наредните месеци, во борба за подобра Македонија сме вградени сите“, изјави Заев.
Жените на СДСМ ги промовираа партиските ставови за, како што велат, подобра сосотојба во општеството. Ги повикаа Струмичанки да им се придружат. Осмомартовскиот марш почна од градскиот плоштад „Гоце Делчев“, а крајната дестинација беше малиот градски парк.
Наташа Гркова- Петрушевска
