Во Кичево ќе почне со работа новата фабрика за воздушни перничиња
09.03.2016 10:31
Станува збор за инвестиција на американската компанија „Ки Сејфти Системс“...

Денеска напладне во Кичево е најавено пуштање во редовно производство на фабриката за воздушни перничиња, инвестиција на американската компанија „Ки Сејфти Системс“.
Истовремено во скопски Илинден, во локалната индустриска зона ќе биде поставен камен темелник на откупно- дистрибутивен центар, инвестиција на турската компанија „Атајмач“.
