Договорени прелиминарните транспортни дозволи за Италија за 2017 година
Прелиминарната квота ја договорила мешовитата македонско- италијанска комисија за патен сообраќај...

Македонските транспортери за 2017 година за Италија добија вкупно 5.550 прелиминарни транспортни дозволи. Од нив 400 се билатерални обични дозволи, 2.000 билатерални дозволи за возила со еуро 3 стандард, 2.250 билатерални дозволи за возила со еуро 5, 200 билатерални дозволи за возила со еуро 6, 200 дозволи валидни за возило влекач кое влече полуприколка од другата земја потписничка и 500 дозволи валидни за приколки и полуприколки пренесени преку море за да бидат влечени од влекач од другата земја потписничка.
Прелиминарната квота ја договорила мешовитата македонско- италијанска комисија за патен сообраќај, а дозволите ќе важат до 31 јануари наредната година, по годината кога ќе бидат издадени.
