Примирјето во Сирија за 24 часа прекршено 7 пати

09.03.2016 11:58

Руските сили не изведувале напади врз вооружените опозициски единици кои прогласиле прекин на непријателството и ги пријавиле сите свои локации...

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека примирјето во Сирија во последните 24 часа било прекршено 7 пати, и тоа четири пати во Алепо, два пати во Идлиб и еднаш во Латакија.

Во гранатирањата во Идлиб биле повредени пет луѓе. Руските сили не изведувале напади врз вооружените опозициски единици кои прогласиле прекин на непријателството и ги пријавиле сите свои локации на руските или американските центри.