Северна Кореја произведе мини нуклеарни боеви глави

09.03.2016 10:59

Според севернокорејскиот лидер, со ваквите боеви глави Северна Кореја може слободно да биде наречена „застрашувачка нуклеарна сила“.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун изјави дека Северна Кореја успеала да произведе мини нукеларни боеви глави, кои би можеле да бидат поставени на балистички ракети.

Според севернокорејскиот лидер, со ваквите боеви глави Северна Кореја може слободно да биде наречена „застрашувачка нуклеарна сила“.

Пјонгјанг во јануари изврши четврта по ред нуклерана проба, за која соопшти дека било тестирање на хидрогенска бомба.