Индустриското производство во јануари со раст од 8%
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 2,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 13,1%.

Трендот на раст на индустриското производство продолжува и оваа година. Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, пораснало за 8%.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 2,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 13,1%.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 15% и Капитални производи за 29,8%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 20,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1%.
