Стапката на невработеност намалена на 24,6% во четвртиот квартал од 2015-та
Според податоците во четвртиот квартал од 2015 година активното население во Република Македонија брои 949.525 лица од кои вработени се 715.758, а 233.767 лица се невработени.

Стапката на невработеност продолжува да се намалува. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во четвртото тримесечје од минатата година, стапката на невработеност изнесува 24,6%, што претставува намалување за 0,9 процентни поени, во споредба со претходниот квартал кога изнесуваше 25,5%.
Според податоците во четвртиот квартал од 2015 година активното население во Република Македонија брои 949.525 лица од кои вработени се 715.758, а 233.767 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период изнесува 56,6%, а стапката на вработеност 42,7%.
