Турска инвестиција од 10 милиони евра во Општина Илинден
09.03.2016 13:11
Вкупната инвестиција во откупно-дистрибутивниот центар ќе изнесува 10 милиони евра и ќе бидат отворени 100 работни места...

Органски произведени овошје и зеленчук од Македонија, ќе извезува на европскиот пазар турската компанија „Атајмач“, која почна да гради откупно- дистрибутивен центар во индустриската зона во Општина Илинден.
Вкупната инвестиција во откупно-дистрибутивниот центар ќе изнесува 10 милиони евра и ќе бидат отворени 100 работни места.
Министерството за земјоделство има обезбедено вкупно 24 локации за откупно-дистрибутивни центри за овошје и зеленчук, од кои 11 се веќе продадени. За поголемиот дел се изработуваат проекти.
