Трамп победи во уште три држави
09.03.2016 13:24
Кога станува збор за ривалската демократска партија, Берни Сандерс победи во Мичиген, а Хилари Клинтон го зголеми водството со убедливата победа во Мисис

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп однесе уште три победи во внатрепартиските избори во САД. Извојува победа во Мичиген, Мисисипи и на Хаваите.
Кога станува збор за ривалската демократска партија, Берни Сандерс победи во Мичиген, а Хилари Клинтон го зголеми водството со убедливата победа во Мисисипи.
Републиканецот Тед Круз победи во Ајдахо, додека Марк Рубио го зазеде четвртото место во Мичиген и во Мисисипи.
Моменталните резултати од анкетите предвидуваат победа на Трамп и на Флорида.
