Почна со работа фабриката на КСС во Кичево

09.03.2016 14:27

Во новиот производствен капацитет годишно ќе се произведуваат три милиони воздушни перничиња за автомобили и се очекува годишен извоз од 70 милиони евра. Вкупната инвестиција на КСС во износ од 15 милиони евра треба да отвори вкупно 1.000 работни места.

Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ (КСС) денеска почна со производство во фабриката во слободната економска зона во Кичево.

Во новиот производствен капацитет годишно ќе се произведуваат три милиони воздушни перничиња за автомобили и се очекува годишен извоз од 70 милиони евра. Вкупната инвестиција на КСС во износ од 15 милиони евра треба да отвори вкупно 1.000 работни места.

Американската компанија, која почна со производство како браунфилд инвестиција во центарот на Кичево, по стартните 20 вработувања, моментно има ангажирано 230 работници.

Раководството на компанијата на пуштањето во употреба за до крајот на годината најави 700 работни места, а до крајот на следната илјада.