САД подготвени за нови удари врз ИД во Либија
09.03.2016 14:39
Портпаролот на Белата Куќа Џош Арнест, изјави дека во изминатите неколку месеци американски војници извршиле големи напади врз позиции на ИД во Либија

САД се поготвени доколку е потребно да извршат напади врз Исламска држава во Либија.
Портпаролот на Белата Куќа Џош Арнест, изјави дека во изминатите неколку месеци американски војници извршиле големи напади врз позиции на ИД во Либија и нагласи дека ако се појават нови цели таму важни за националната безбедност на САД, претседателот „нема да се колеба да нареди нивно уништување“.
Портпаролот на Пентагон, Питер Кук негираше во меѓувреме тврдења на американски медиуми дека е зголемена бројноста на припадниците на ИД во Либија. Според него, бројот е околу 5.000.
