Куманово избира бренд на градот

24.01.2014 11:50

Кумановскиот мезалк, суџукот, киселото млеко или некој друг производ...

Кумановскиот мезалк, суџукот, киселото млеко или некој друг производ... Кумановци ќе избираат производ кој ќе претставува бренд на градот. А целта е да се промовира Куманово и да се забрза економскиот развој.
 
На листата за избор на бренд на градот покрај мезалакот, кумановскиот суџук, биеното сирење, киселото млеко ќе се најдат и други производи од прехрамбената, но и од другите индустриски гранки. Секторот за локален економски развој го подготвува проектот бренд на Куманово, а планира претходно да направи истражување со анкети и да состави листа од 10 производи поделени по дејности од кои граѓаните ќе може во текот на целата година да гласаат за еден кој ќе биде препознатлив за градот. 
 
Кумановци со поделени мислења помеѓу суџукот и мезалот, но крајните резултати ќе кажат кој ќе го добие епитетот бренд на градот.
 
Идејата започна пред две години кога беше организиран избор на компанија на годината. Како што најавија од Локалната Самоупрва  покрај бренд, до крајот на 2014-та ќе се бира и најдобар претприемач во Општината. Целата е да се промовира гардот и да се подигне економскиот развој.
 
Габриела Димковиќ