Високи стандарди за поголема безбедност на храната

09.03.2016 16:26

Агенцијата за храна и ветеринарство, на терен ги едуцира најмладите за безбедноста на храната. Нивното мото е дека македонските граѓани го уживаат правото да консумираат безбедна храна.

На десетина километри од Скопје, во Петровец, семејството Јаневски има краварска фарма. Иако, во нивното семејство традиционално се занимавале со оваа дејност, двајцата браќа инвестирале во подобрување на условите и стандардите.

„Инвестицијата е заедничка со брат ми од пред пет години. 40 грула, 550 литри млеко произведуваме днево“, вели Дејан Јаневски, сопственик на фарма.

Сите одгледувалишта ќе мора да ги исполнат стандардите. За поголема безбедност и квалитетот на сировото млеко во тек е категоризацијата на одгледувалишта на молзни грла. Фармите можат да се категоризираат во три групи. Нашата регулатива е во согласност со европската.

„Дел од производителите ги исполнуваат стандардите, дел со категоризацијата ќе треба да ги исполнат“, вели Олга Јаневска, раководител на Секторот за ветеринарно јавно здравство.

За три години нема да се откупува млеко од оние фарми кои нема да ги исполнат критериумите.

Во Македонија има над 9.000 одглеувалишта на молзни грла. До декември 2019-та мора да ги исполнат стандардите за инфраструктура, хигинески барања, како и барањата од критериумите за сирово мелко во однос на микроорганизми и соматски клетки

Во меѓувреме надлежните се грижат и за благосостојбата на животните, какви се фармите, како се хранат и со што.

„Ќе ги интензивираме контролите на терен. Во монетот генерано минимум условите се задоволени“, вели Димитар Терзиевски, Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животни.

Додека се исполнуваат стандардите Агенцијата за храна на терен, ги советува граѓаните што е безбедна храна.

„Да имаме солоидно едуциран потрошувач кој ќе се грижи за своето здравје, но и алармира до Агнецијата за одредени пропусти“, вели Абдулезел Догани, заменик - директор во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Според надлежните зголемениот број на претставки до нив значи дека граѓаните се грижат што јадат, а големиот бројот на нивната неоснованост покажува дека  се неоправдани стравовите.

 

Наташа Јанчиќ