Европскиот парламент ќе расправа за напредокот на Република Македонија
По вечерашнава расправа, европратениците утре по седми пат последователно ќе дадат препорака до Европскиот совет за отпочнувањето на преговорите со Република Македонија...

Резолуциите во Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија се нижат една по друфа, секој пат со една иста содржина. Имено, по вечерашнава расправа, европратениците утре по седми пат последователно ќе дадат препорака до Европскиот совет за отпочнувањето на преговорите со Република Македонија.
Да потсетиме дека извештајот, односно нацрт-резолуцијата изготвена од известувачот Иво Вајгл, веќе беше усвоена од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент минатата седмица со 42 гласа "за" и девет "против".
Европратеникот Едуар Кукан предвидува дека вечерашнава дискусија ќе биде бурна.
„Дискусијата ќе биде бурна кога ќе расправаме за резолуцијата, бидејќи има многу колеги од Грција и Бугарија, но уверен сум дека на крајот резолуцијата ќе биде одобрена со големо мнозинство нагласови“, вели европратеникот Едуар Кукан.
За резолуцијата, Европскиот парламент ќе треба да гласа утре. На предложениот нацрт текст од Иво Вајгл, за резолуцијата се предложени и 17 компромисни амандмани, со што таа ќе го добие конечниот изглед.
„Резолуцијата за која ќе гласаме во Парламентот според мене е избалансирана. Таа објективно ја одразува ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Таа ќе биде донесена за да активно и помогне на европските амбиции на Македонија. И за да конечно започнат преговорите за членство наМакедонијаво ЕУ, бидејќи таа веќе многу одамна ги исполнува условите за почеток на преговорите. Европскиот парламент тоа секогаш го препорачуваше, но Европскиот совет е тој кој што одлучува. Ние носиме препоркаи, но се одлучува на друго место. Тоа според мене би било правилно и тоа би и помогнало на Македонија. Тоа според мене би помогнало и за репавње на прашањето за името“ – вели Кукан.
Во резолуциајта препорака за почеток на преговори е условена, односно таа зависи од успешно завршување на политичката криза со успешно организирани избори на 5-ти јуни.
Тони Гламчевски
