Претседателот Иванов на глобален форум во Баку
Претседателот Иванов ќе се обрати на пленарната сесија на форумот, на тема „Состојбата на светот денес и што треба да направиме за клучните предизвици”...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан каде ќе учествува на 4-от Глобален Баку форум, во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“.
Претседателот Иванов ќе се обрати на пленарната сесија на форумот, на тема „Состојбата на светот денес и што треба да направиме за клучните предизвици”.
За време на посетата предвидено е претседателот Иванов да оствaри повеќе средби со учесниците на форумот.
На глобалниот форум ќе учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, како и од бизнис заедницата.
Главни теми на собирот се мигрантската и бегалската криза, мултикултурализмот и прашањата за интеграцијата, меѓуверскиот дијалог, состојбите во Украина и преземање на глобална одговорност за Сирија.
