Објавен јавен повик за субвенции за рибарство
Објавен е јавен повик за субвенции во рибарството. Средствата се за набавка на порибителен материјал и за одгледани и продадени риби на пазарот.

Сопствениците на рибници може да поднесуваат барање за субвенционирање на производството.
Повикот се однесува за набавка на порибителен материјал од домашно производство и за произведена и продадена риба во периодот од 1 ноември 2015 до 31 октомври 2016 година.
Висината на поддршката за порибителниот материјал е до 40 проценти од вредноста на набавениот подмладок или најмногу до 300.000 денари по корисник.
Субвенцијата за произведена и продадена риба изнесува 20 денари за килограм.
Концесионерите можат да побараат пари и за дополнителна заштита на рибите во периодот на природен мрест. Во зависност од риболовната површина висината на поддршката се движи од 30 до 400.000 денари.
Методија Трајков
