ЕП: Важно е Македонија да спроведе демократски избори
Во Европскиот парламент во Стразбур се одржа дебатата за Република Македонија, во која најголемиот број одевропратениците се заложија за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ, условени со одржување на фер и демократски избори...

Во најголемиот број од говорите по резолуцијата на Иво Вајгл, изработена според извештајот на Комисијата за Македонија во 2015 година, се дојде до истата констатација - Македонија мора да излезе од политичката криза, со почитување на договореното од страна на политичките партии со помош на европските посредници.
„На 5 јуни, ќе се одржат предвремени избори во Македонија, кои ќе стават крај на политичката криза. Дали изборите ќе се одвиваат во согласност со демократските стандарди, во дадено време Комисијата ќе предложи, а Советот конечно да го одобри отворањето на преговорите за членство на Македонија во Европската унија под исти услови како досегашниот процес на проширување досега“, нагалси известувачот Иво Вајгл.
„Бојкотот на парламентот од страна на оние кои ги загубиле изборите, секако, не е во согласност со функционална демократија и е штетно за земјата. Новите избори ќе имаат клучно значење за сите нас, и ги повикуваме сите страни да се придржуваат кон заедничкиот договор“, оцени од своја страна Туне Келам.
„Европската комисија направи позитивната препорака за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ, да зависи од однапред спроведувањето на претходните партиски договори. Европскиот совет го поддржа ова во своите заклучоци во декември, а утре Европскиот парламент ќе застане точно со нив и ќе каже: сочувајте ја вашата демократија, или позитивна препорака се повлече“, рече Ричард Ховит и пртиоа побара да му се овозможи целосна поддршка на специјалниот обвинител.
Покрај предложениот нацрт текст од Иво Вајгл, за резолуцијата се предложени и 17 компромисни амандмани, со што таа ќе го добие конечниот формат.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
