Ново рочиште за „Дива населба“

10.03.2016 10:45

Петмина кумановци ќе треба да сведочат денешното судско рочиште. Овие сведоци се на барање на Јавното обвинителство.

Судскиот процес за мајските настани во кумановската „Дива населба“ продолжува денеска со сослушување нови сведоци. Петмина кумановци ќе треба да сведочат денешното судско рочиште. Овие сведоци се на барање на Јавното обвинителство.

На последното судско рочиште кое се одржа пред два дена исто така сведочеа сведоци од населбата, но и еден полицаец, кои исто така беа по предлог на ОЈО.

Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.