Нова авио линија Скопје- Доха
Како што пишува на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски тоа е резултат од средбата со емирот Ал Тани во Доха кога било разговарано за можностите за воведување директен авио лет.

Реномираната авио компанија „Катар ервејс“ одлучи да воведе директна авио линија меѓу двете метополи Скопје и Доха. Како што пишува на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски тоа е резултат од средбата со емирот Ал Тани во Доха кога било разговарано за можностите за воведување директен авио лет.
Преку финансиската поддршка за воведување евтини авио летови досега Скопје и Охрид се поврзани со 20 градови во Европа, а до крајот на месецов ќе бидат воведени уште 3 нови дестинации кон Братислава, Копенхаген и Берлин, додека Чех Ерлајнс во мај ќе воведе линија до Прага.
Практично со постојните и новите авио линии од домашните аеродроми може да се патува до вкупно 34 дестинации, односно 35 со новата линија до Катар.
Бројот на патници од половина милион во 2005-та е зголемен на рекордни 1,5 милиони во 2015-та, пишува Груевски на Фејсбук.
Уште една авиокомпанија одлучи да воведе директна авио - линија поврзувајќи ја Македонија. Државата ќе се најде на мапат...
Posted by Nikola Gruevski on Thursday, March 10, 2016
