Ванхауте: Моментно нема можност да продолжат средбите за медиумите

10.03.2016 12:39

Ванхауте наведува дека се уште се разгледуваат различни алтернативни опции, со цел да се дојде до согласност меѓу релевантните страни.

Моментно не е возможно да продолжат средбите за медиумите во форматот во кој досега се одвиваа преговорите, каде се обидувавме да постигнеме консензус по различните предлог- амандмани, соопшти белгискиот посредник, Питер Ванхауте, во пишана изјава до медиумите.

Сепак, Ванхауте наведува дека се уште се разгледуваат различни алтернативни опции, со цел да се дојде до согласност меѓу релевантните страни.