Повеќе од 72 часа нема влез на мигранти
Се очекува управувачкиот комитет да донесе официјална одлука за затворање на нелегалниот премин на котата 59, каде што од понеделникот наутро нема проток на мигранти...

Затворањето на балканската рута го запре патот на бегалците кон Европа. Во транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија повеќе од 72 часа нема влез за нови мигранти.
Се очекува управувачкиот комитет да донесе официјална одлука за затворање на нелегалниот премин на котата 59, каде што од понеделникот наутро нема проток на мигранти.
На северната граница кај Табановце неколку дена се заглавени 1.500 бегалци, по одлуката на Словенија да не дозволува влез без валидни визи и пасоши.
Македонија, според надлежните, сите мерки ги усогласува со ЕУ и реципрочно ќе ги применува на својата јужна и северна граница.
