Меркел: Затворањето на балканската рута нема да го реши проблемот
10.03.2016 13:09
Ако не успееме да постигнеме договор со Турција, тогаш Грција не може долго време да ја издржи тежината на мигрантскиот бран...

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека затворањето на рутата што ја користат мигрантите низ Западен Балкан нема да го реши проблемот, оценувајќи дека овој потег не бил одржлив.
„Ако не успееме да постигнеме договор со Турција, тогаш Грција не може долго време да ја издржи тежината на мигрантскиот бран“, рече Меркел.
