Пристапување кон ЕУ од родова перспектива

10.03.2016 13:18

На родовата еднаквост се гледа како на прашање што не ги засега само жените во Македонија туку и во членките на ЕУ.

Потребни се 40 години домашните обврски рамноправно да се поделат помеѓу мажите и жените, а 70 години да биде еднаква платата за иста работа. Според надлежните, овие проекции се предизвик за дефинирање на новите идеи за надминување на разликите.

Истражувањата покажуваат дека вработените жени на домашните обврски трошат два часа повеќе од мажите. Има закони, треба да се спроведат.

По воведување на квотите, сега има 33 % застапеност на жените во Собранието и во советите на општините. Но, од 25 министри, само 3 се жени, од 81 градоначалник само 4. На родовата еднаквост се гледа како на прашање што не ги засега само жените во Македонија туку и во членките на ЕУ.

Стратегискиот план за родова еднаквост 2016 – 2019 е зголемено учество во економијата, зголемено учество во политичкото одлучување, елиминација на родово базирано насилство.

 

Наташа Јанчиќ