Иванов: Неопходно е повеќе да се почитуваме
Сѐ што се случува на Блискиот Исток е директно поврзано со се што се случува и на Кавказ и на Балканот- рече претседателот Иванов во обраќањето на пленарната сесија на Глобалниот форум во Баку.

Неопходно е многу повеќе да се познаваме и почитуваме меѓусебе. Сѐ што се случува на Блискиот Исток е директно поврзано со се што се случува и на Кавказ и на Балканот- рече претседателот Иванов во обраќањето на пленарната сесија на Глобалниот форум во Баку. Повика на единство за решавање на проблемите.
„Ние на Балканот, на Кавказот и на Блискиот Исток немаме традиција на толеранција. Ние имаме традиција на почит, да се почитуваме меѓу себе. Тоа почитување довело да живееме во различни општества, со голема различност, со многу религии, многу етнички групи, многу јазични групи. Во Македонија во Уставот има пет официјални религии. Ние во Македонија имаме 600 години искуство со Исламот и тоа не не направи помалку христијани, ниту муслиманите ги направа помалку муслимани. Меѓутоа, од секој пат, сме ја негувале традицијата на почитување. Најдобар пример за тоа може да ви биде Мајка Тереза, која е родена во центарот во Скопје“, нагласи претседателот Иванов.
