ЕП ја усвои Резолуцијата за Македонија

10.03.2016 13:15

Европскиот парламент попладнево ја усвои со широко мнозинство Резолуцијата за Македонија предложена од европратеникот Иво Вајгл...

Со 404 гласови „за“, 76 „против“ и 29 „воздржани“ од присутните 509 европратеници, Европскиот парламент попладнево ја усвои со широко мнозинство Резолуцијата за Македонија предложена од европратеникот Иво Вајгл, јави дописникот од Стразбур за МРТ.

Во денеска усвоениот документ од ЕП, е дадена уште една, седма по ред препорака до Советот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, но оваа препорака е условена со одржување на фер и демократски избори.