Стипендии за стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарен кадар во културата
Искусните велат дека е најважно младите образувани кадри во престижните универзитети, да го пренесат своето знаење во нашите институции од културата...

32-ца талентирани уметници од областа на културата ќе се надоградуваат на универзитетите во Австрија, Италија, Велика Британија, Сад, Чешка, Словенија. Половина од нив во музичко–сценската дејност, 11 во визуелните уметности, архитектурата и дизајнот, 4-ца во областа на заштитата на културното наследство и еден во филмската дејност.
Искусните велат дека е најважно младите образувани кадри во престижните универзитети, да го пренесат своето знаење во нашите институции од културата.
Министерството за култура поддршката ја обезбедува во текот на целокупниот процес на студирање.
До 2015-та, финансиски е поддржана едукацијата на приближно 360 уметници.
Александра Перевска
