Раст на БДП во четвртиот квартал од 3,9%
Најголем пораст е забележан во секторите градежништво од 33,7%; финансиски дејности и дејности на осигурување од 14,9%; стручни, научни и технички дејности...

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2015 година пораснал 3,9%.
Најголем пораст е забележан во секторите градежништво од 33,7%; финансиски дејности и дејности на осигурување од 14,9%; стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 14,3% и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8,5%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2015 година номинално расте за 3%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 66,5%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 7,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12,6%.
