Случај „Дива населба“: Семејствата на загинатите полицајци бараат отштета

10.03.2016 15:18

На денешното продолжение од судењето, беа сослушани и двајца сведоци на обвинителството, татко и син, чија куќа се наоѓа на 100 метри од локацијата кадешто беше престрелката.

Семејствата на осумтемина полицајци кои загинаа при престрелката со терористите во кумановската „Дива населба“ на денешното рочиште изјавија дека ќе бараат надоместок на штета во граѓанска парница, а се приклучија кон кривичниот прогон на обвинителството.

На денешното продолжение од судењето, беа сослушани и двајца сведоци на обвинителството, татко и син, чија куќа се наоѓа на 100 метри од локацијата кадешто беше престрелката.

Сведоците потврдија дека лично се познаваат со дел од обвинетите.

Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.