Петров и Јаневска- најчитани автори за 2015
Коста Петров и Марија Јаневска се наши најчитани автори за 2015- та година. Јаневска вели дека инспирацијата ја црпи од се што ќе види, се она што ќе и го привлече вниманието може да ја инспирира да ги наполни празните страни. Според неа се поголем е бројот на читатели. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје од оваа година започнува да ја организира манифестацијата „Ден на читателот“ посветена на читателите во Република Македонија...

Возбудливи авантури, криминалистички и љубовни романи, драми, кратки раскази. Ова се чита најмногу. Читателите велат дека сите жанрови имаат своја тежина, но сепак, имаат фаворити.
„Белешките на Лајла Грејс“ и нејзиното продолжение „Карма“ се книгите кои на читателите низ библиотеките им го привлекле вниманието. Според најчитаната авторка, Марија Јаневска, наградата е плод на љубовта кон пишувањето, а таа љубов е возвратена од читателите.
Од Библиотеките велат дека постојано се трудат да бидат во чекор со она што е актуелно на издавачката сцена. Желбите на читателите се различни.
Од оваа година наградата „Најчитан македонски автор“ традиционално ќе ја доделува НУБ „Св. Климен Охридски“, во рамките на манифестацијата „Ден на читетелот“.
Ана Јосифоска- Тодоровска
