Филе денес и утре во посета на Украина

24.01.2014 12:27

Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе денеска и утре ќе престојува во Украина, за да разговара за политичката ситуација во земјата со лидерите и опозицијата, после тензичните протести во главниот град Киев.  

За време на неговата дводневна посета, Филе ќе се сретне со претседателот Викотр Јануковиќ како и лидерите на опозициските партии, пренесува „Итар-Тас“.

Аналитичарите велат дека не се очекуваат конкретни резултати за разрешување на ситуацијата во Украина од посетата на Филе.  

Комесарот Филе посетата на Киев ја најави и на својот „Твитер“ профил: 

Следната недела во Украина треба да пристигне и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Кетрин Ештон.