Бубежна болест: Најважна е раната дијагностика

10.03.2016 16:41

Од 6 до 8 дечиња годишно примаат дијализа преку стомак, но нивната бројка варира, на дел им се пресадува бубрег. Затоа е важна раната дијагностика. Во Македонија се уште се проблем вродените аномалии на бубрезите и уринарниот тракт- вели детскиот нефролог, доктор Тасиќ

Дебелината и пушењето во рана возраст се ризик фактори кои доведуваат до прогресија на бубрежната болест – велат лекарите. Од 6 до 8 дечиња годишно примаат дијализа преку стомак, но нивната бројка варира, на дел им се пресадува бубрег. Затоа е важна раната дијагностика. Во Македонија се уште се проблем вродените аномалии на бубрезите и уринарниот тракт- вели детскиот нефролог, доктор Тасиќ.

„Бубрежната болест почнува уште во утробата на мајката. Мајката мора да има здрава исхрана, доволен венз на витамини. Регулација на статусот на шеќерот кај мајката се важни фактори, да имаме здраво, да имаме здрави бубрези“, изјави д-р Велибор Тасиќ, педијатар нефролог.    

Потребно е да се зголеми бројот на детски нефролози. Во земјава има само четворица, сите се во Скопје.

„Ова е проблем на кој треба да се работи. Се надевам дека понатаму ќе се произведат, бидејќи нема немаме потреба да бараме од надвор, туку тука овие искусни луѓе кои се занимаваат долги години со оваа проблематика  можат да направат да имаме повеќе детски нефролози“, вели д-р Љубинко Трпеноски, претседател на Здружението „Нефрон“.

Од здружението на бубрежно болни граѓани упатија апел процесот на трансплантација да продолжи во постојниот центар, додека не се изгради новиот. Да им се дозволи на пациентите кои имаат обезбедено бубрег, да се оперираат.

„Имаме готови типизирани, испитани пациенти кои можат да бидат транспланирани. Во претходните девет месеци не е направена ниту една трансплантација од обезбеден орган, исто така и кадаверична“, вели Душко Ѓоргиев, претседател на извршниот одбор на „Нефрон“.

Околу 1.300 граѓани одат на дијализа. Условите во центри се подобрени. На  Светскиот ден на бубрегот, акцентот е ставен на превенција на младата популација од бубрежни болести.

 

Андријана Атанасовска