Вработување за 112 поранешни професионални војници

10.03.2016 16:45

112 припадници кои ја исполните старосната граница ќе бидат вработени во државни институции. 19-мина во Министерството за здравство, и исто толку во Управата за извршување санкции, 45 во правда и во судската полиција и 29 војници во Министерството за одбрана...

Се решава статусот на поранешните професионални војници во АРМ. Со одлука на владата, 112 припадници кои ја исполните старосната граница  ќе бидат вработени во државни институции. 19-мина во Министерството за здравство, и исто толку во управата за извршување санкции, 45 во правда и во судската полиција и 29 војници во Министерството за одбрана. Како што рече владиниот портпарол Ѓорѓиев, војниците ќе бидат вработени во близина до нивното место на живеење. Решенијата за вработување ќе ги добијат наредната недела.

Поранешните војници ќе бидат вработени во институции соодветни на нивните образовни и професионални квалификации. Од Владата очекуваат тие да го одговорат во целост  на новите работни задачи имајќи го предвид нивното професионално искуство и учество во меѓународни мисии.

 

Викторија Милевска