Продолжува реализацијата на проекти
Проектите продолжуваат да се реализираат - порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски за време на посетата на општината Аеродром. Рече дека податоците за растот на индустријата и помалата невработеност се потврда за исправните политики...

Почна изградбата на нова градинка во општината Аеродром - пуштено во употреба повеќенаменско спортско игралиште во населбата Лисиче. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, најави и отворање општа гимназија во Аеродром, но и специјализирана со мал број ученици за математика.
Во врска со растот на индустриското производство, Груевски очекува тој да се зголемува и во текот на следните месеци. Вели дека со влезот на нов странски капитал ќе продолжи трендот на намалување на невработеноста.
„Имајќи ги предвид сите елементи на овие кризи и сите нивни притисоци врз економијата, успеавме за 13 процентни поени да ја намалиме невработеноста, која што, се уште е висока, но има силен пад, што охрабрува и укажува дека политиките кои беа преземени во минатиот период се исправни и даваат резултати и треба да продолжат“, изјави Груевски.
Груевски изјави дека само лани странските компании лоцирани во зоните од македонски фирми купиле производи во вредност од 46 милиони евра.
Миле Ристески
