Почна исплата на субвенциите за тутунот

11.03.2016 09:48

Тутунарите почнаа да ги добиваат субвенциите за откупениот тутун. Велат - родот добро им се плати, сега ќе се подмируваат трошоците за новата реколта. На македонските тутуанри, државата треба да им исплати над 20 милиони евра субвенции...

Почна исплатата на субвенциите за тутунот од ланската реколта. Тутунарите, пред банките да ги подигнат парите.

Илјада килограми тутун предадов, илјада евра субвенции. Над четири евра помина. Сега за орање, за расади, за сѐ“.

„Две илјади килограми. Субвенции- по едно евро за кило. Оваа година поминавме добро.“

„Насадивме 18 декари тутун. И сега, 2.500 евра субвенции. Ќе садиме пак“, велат тутунарите.

Производителите ќе добијат по едно евро за предаден килограм тутун на вагите во едно од деветте откупни претпријатија во земјава. Сега се исплаќа родот откупен од 15 декември до 15 јануари.

Реколтата, квалитетна, но помала, е тешка преку 20.000 тони. Ќе донесе исплата на над 20 милиони евра субвенции.

Родот е откупен, иако законскиот рок е 15-ти март. Според анализите на Сојузот на тутунските здруженија, на тутунарите, добро им се плати родот - во просек по 4 евра од килограм со субвернциите. Овој период тие ќе ги подмируваат, главно, трошоците за новото производство.

„Оние 60 денари ги покриваат трошоците во самото вложување на тутунопроизводството. И другото, останува чист бенефит“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Во ек се подготовките за новата реколта. Тутунопроизводството се стабилизира и останува главна егзистенција за 30-ина илјади семејства во земјава.

 

Елизабета Митреска