Субвенции за одржување на лозовите насади
Лозарите и годинава имаат право на субвенции за одржување на насадите. Висината на финансиската поддршка е иста како минатата година и изнесува 40 илјади денари по хектар...

Без разлика на сортата лозарите и годинава ќе можат да користат субвенции за оддржување на насадите.
По 40.000 денари за хектар ќе добиваат оние со површина од 2 декари до 5 хектари.
24.000 денари за лозјата до 30 хектари, и 12.000 денари за површина до 50 по хектар.
За повеќе од 50 хектари се добиваат по 4.000 денари.
Корисниците на оваа мерка се земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади од најмалку 0,2 хектари, а услов е и бројот на садниците, кој не смее да е помал од 1.390 по хектар, за лозови насади подигнати до пролетта 2015 година.
Методија Трајков
