Кери во посета на Саудиска Арабија и Франција

11.03.2016 10:04

Денеска во Хафр Ал Батист тој ќе се сретне со високи претставници на саудиските власти, со кои ќе разговара за состојбите во Сирија и Јемен, како и за други прашања од областа на безбедноста.

Американскиот државниот секретар Џон Кери денеска ќе отпатува на турнеја, која ќе вклучува посети на Саудиска Арабија и Франција. Денеска во Хафр Ал Батист тој ќе се сретне со високи претставници на саудиските власти, со кои ќе разговара за состојбите во Сирија и Јемен, како и за други прашања од областа на безбедноста.

Утре и в недела државниот секретар на САД ќе престојува во Париз, каде се сретне со министрите за надворешни работи на Франција, Велика Британија, Германија и Италија, како и со високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.